За време на еднодневната посета на Италија денеска, рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со својот стар пријател, поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, изјави претседателскиот помошник Јуриј Ушаков, пренесува ТАСС.
Путин утрово ќе го посети Ватикан. Подоцна ќе се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Џузепе Конте. Рускиот претседател исто така ќе учествува на седницата на Руско-италијанскиот форум за дијалог за граѓанско општество.
– Потоа ќе заминеме на аеродром, но програмата нема да заврши – традиционално, нашиот претседател ќе се сретне со поранешниот претседател на Советот на министри на Италија, Силвио Берлускони, по што ќе замине за Русија – рече Ушаков.
Ушаков посочи дека тоа ќе биде средба на стари пријатели.
– Тие остануваат во постојан контакт, разговараат телефонски, а Берлускони често ја посетува Русија, како дел од одржувањето неформални пријателски контакти –
објасни помошникот на рускиот претседател.