Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се одржи на 16 јули во Хелсинки, во Финска, објавија денеска светските агенции.
Трамп вчера пред новинарите изјави дека со Путин ќе разговара за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.
Во март телефонски му честиташе на Путин за повторниот избор за претседател со големо мнозинство и му порача дека обајцата би требало наскоро да се сретнат.
Од тогаш и онака лошите односи меѓу Москва и Вашингтон дополнително се влошија заради судирите во Сирија и труењето на поранешниот руски шпион во Британија, што доведе до протерување на голем број дипломати од двете земји.
Вашингтон и Москва се спорат и околу Украина и обвинувањата за руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година, што Русија го негира.