Странските разузнавачки служби бараат начин да го зголемат своето влијание врз тековните процеси во Русија, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанок со претставници на главната разузнавачка служба на Русија, Федералната служба за безбедност.
– Гледаме дека странски разузнавачки служби бараат начин да го прошират своето влијание во Русија, работат се за да добијат пристап до политички, економски, научни и технолошки информации – рече Путин.
Тој додаде дека најверојатно тие „уште поупорно сакаат да го прошират своето влијание во земјата“.