Вооружен напаѓач со автоматска пушка е убиен откако убил тројца полицајци и работник на приватна компанија за обезбедување во Дар ес Салам, недалеку од француската амбасада во Танзанија, изјави денеска претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан.
Таа во пораката објавена на социјалната мрежа Твитер објави дека напаѓачот е „неутрализиран“ и дека мирот се вратил.
Полицијата соопшти дека во овој вооружен инцидент се повредени шест лица.
Полициски претставник изјави дека идентификацијата на напаѓачот е во тек.
Според него, мотивот за нападот не е познат, но може да е поврзан со улогата на Танзанија во соседен Мозамбик, каде што испратиле војска да помогне во борбата против џихадистите.