Во делови од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време.
Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јавуваат светските агенции.
Населението нема вода за пиење, а во болниците снемуваат лекови.
Во Венецуела вчера беа одржани два собири, опозициски и на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро.
Во Каракас се судрија опозициските активисти и припадниците на полицијата и армијата, непосредно пред почетокот на собирот против Мадуро.