Тела на 19 луѓе ставени во пластични кеси се пронајдени во канализациски канал во Мексико, пренесува „Асошиејтед прес“. Обвинителите од сојузната држава Халиско изјавија дека телата се пронајдени на место источно од градо Гвадалахара.
Властите досега успеаја да идентификуваат 10 лица, а според информациите, жртвите се убиени со удари со тврди предмети, задушување или прострелни рани. Дел од телата биле во понапредна фаза на разградување, што сугерира на фактот дека жртвите биле оставани во каналот во различни временски интервали.
Постои можност вкупната бројка на жртви да се искачио, бидејќи нуркачи го пребаруваат каналот поради можноста некои тела да потонале на дното.
Пронаоѓањето на овие тела доаѓа една недела откако беа најдени тела на седум убиени лица во регионот Лос Алтон де Халиско, пишуваат од „Асошиејтед прес“.
Картелите во Мексико често користат различни локации на кои исфрлаат тела на лица кои ги егзекутирале, а токму Халиско е регион во кој е активен многу опасен нарко-картел.