Телата на седум жртви беа пронајдени во потрагата по исчезнатите кога одрон направи големи штети на 30-ина километри од норвешката престолнина Осло.
Четири тела беа откриени во петокот и саботата, а три во неделата. Неколку лица сè уште се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани, но шансите за тоа се намалуваат, пренесува Би-би-си.
Идентификувани се пет жртви, вклучувајќи 40-годишник и неговата двегодишна ќерка.
Од лизгањето на земјиштето беа повредени 10 лица, уништени се повеќе од 30 дома и евакуирани се повеќе од 1.000 лица.