Археолозите го потврдија долготрајното сомневање на историчарите дека познатиот затвор Алкастраз бил изграден над воени тврдини од времето на американската граѓанска војна.
Археолозите користеле радари и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии. Пронајдени се целосно закопани згради, складишта за муниција и тунели.
Локалните медиуми пренесуваат дека истражувачите пронашле голем број соби и тунели под дворот на Алкатраз, каде што своевремено затворска казна служеше познатиот мафијаш Ал Капоне.
Историчарите веруваат дека работниците во 20 век изградиле затвор преку веќе постоечки објекти.
Објектот е максимално обезбеден и изолиран поради што е наречен Алкатраз на Карпестите Планини или планински Алкатраз.
Над 400 затвореници, колку што има во него, поминуваат и по 23 часа целосно сами во бетонските изолирани ќелии големи два до три и пол метри.
Исто така, озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гусман (61), познат како „Ел Чапо“, би можел во овој затвор да го мине остатокот од животот, поради шверц кокаин, хероин и други наркотици.