Претставник на Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј поднесе предлог за одржување нов референдум за излез на Велика Британија од ЕУ во парламентарна процедура.
Предлогот на Доминик Грив, кој претходно повикуваше на втор референдум, најверојатно нема да успее, бидејќи му треба поддршка од Владата, а Меј се противи на ново изјаснување на гласачите.
Симболичното поднесување на предлогот помина без расправа. Беше образложен како „предлог со кој ќе се овозможат подготовки за референдум за идните односи на Велика Британија и ЕУ“