Еритреја го назначи својот прв амбасадор во соседна Етиопија по две децении.
Таа функција ќе ја извршува Семере Русом, актуелнен министер за образование и поранешен амбасадор во САД, соопшти преку Твитер министерот за информирање Јејмане Мескел.
Поранешните непријатели Етиопија и Еритреја, во последните недели презедоа низа иницијативи, вклучувајќи и официјални посети на нивни високи функционери и обнова на комерцијални летови помеѓу двата главни града.