Иако САД не беа на дневен ред, на почетокот на самитот за климатски промени, кој што го отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, американскиот претседател, Доналд Трамп, непланирано дошол и се задржал само 15 минути, но не одржал говор.
Како што пренесува АП, тој внимателно го слушал обраќањето на германската канцеларка Ангела Меркел и на индискиот премиер Наренду Моди, пред да ја напушти салата.
И додека претседателите и премиерите разговараа за тоа на што се надеваат во рамки на своите граници, францускиот претседател Емануел Макрон ги потсети дека во своите трговски и финансиски политики мораат да ги вклучат климатски промени. Макрон истакна дека земјите не треба да увезуваат стоки кои го зголемуваат загадувањето со јаглерод диоксид.
Тој исто така ги замоли другите нации да ги зголемат своите давања во Зелениот климатски фонд, кој помага на сиромашните нации во врска со решавање на климатските прашања.