Шпанската крајбрежна стража денеска информираше дека пет мигранти се удавиле при потонувањето на мал брод источно од Гибралтар. Спасувачите извлекле 53 преживеани мигранти од водите на Средоземно Море.
Во текот на вчерашниот ден шпанските бродови интервенирале кај уште 11 бродови, од кои биле примени 501 мигрант. По затворањето на рутата меѓу Либија и Италија, сега Шпанија е главна дестинација на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Средоземното Море.
Гибралтар, каде дистанците меѓу Европа и Африка се исклучително кратки, е една од најпрометните дестинации за мигрантските бродови во изминатиот период.