Доброволното здружение на руската армија, воздухопловните сили и морнарицата (ДОСААФ) ги прекина сите летови на авиони од типот Л-410 до крајот на истрагата за денешната несреќа на ваков тип на авион во Татарстан, во која загинаа 16 лица, соопштија службите.
Врз основа на упатствата од претседателот на Доброволното здружение на армијата, воздухопловните сили и морнарицата, Александар Колмаков, сите летови на авиони Л-410 се прекинати до крајот на истрагата, се наведува во соопштение, кое го пренесува агенцијата ТАСС.
Левиот мотор на авионот Л-410, кој се урна утрово во Татарстан, можеби откажал бидејќи во него влетала птица, изјави претходно за новинарите началникот на областа Мензелинск во Татарстан, Ајдар Салахов.
– Засега првичната верзија е дека нешто можеби влегло во моторот, било да е тоа птица или нешто друго. Левиот мотор откажал – рече Салахов, а пренесе ТАСС.
Авионот Л-410 со 23 патници се урнал кратко време по полетувањето.
Претставници на Министерството за вонредни ситуации соопштија дека според првичните податоци, 16 лица загинале, а седуммина биле спасени од под остатоците на авионот.