Ерменија и Азербејџан не успеаја да ги разменат телата на војниците убиени во конфликтот во Нагорно-Карабах, поради кршење на примирјето за кое се обвинуваат двете страни.
Двете земји се согласија на прекин на огнот од саботата напладне за размена на затвореници и загинати војници, но меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.
Примирјето беше воспоставено по 10-часовните преговори во Москва. Разговорите во Москва се првиот дипломатски контакт меѓу Ерменија и Азербејџан од почетокот на борбите на 27 септември во кои загинаа стотици луѓе.
Енклавата Нагорно-Карабах е меѓународно призната како територија на Азербејџан, но во неа живеат и управуваат етнички Ерменци.