УНЕСКО предупредува дека во светот во 2020 година бројот на ученици што не успеале да стекнат некои основни вештини, како што е читањето, што се очекува за нивната возраст, е зголемен 20 проценти. Причината е делумното затворање на училиштата поради пандемијата на коронавирусот.
Бројот на деца со тешкотии во читањето минатата година се зголемил повеќе од 20 проценти, со што е поништен големиот напредок постигнат во последните две децении, се вели во извештајот на институцијата ООН, кој предупредува на генерациска катастрофа како резултат на пандемијата.
Овој клучен индикатор секоја година ги оценува вештините за читање на учениците што полагаат за оценки CE1 и CE2 во франкофонските земји или 2 и 3 во англосаксонските земји. Тоа е основно знаење, што, ако не е солидно, може да го забави учењето на ученикот на долг рок.
УНЕСКО стравува дека целата деценија може да биде нарушена од пандемиската криза и повикува на вонредни напори за одржување на наставата.
– Кризата покажа до кој степен образованието е глобално јавно добро што мора да се заштити – рече Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО, која пред состанокот на министрите за образование од целиот свет, кој треба да се одржи в понеделник, ја повика меѓународната заедница да се вклучат во ова прашање.