Бројот на населението во Западна Европа значително се зголемува благодарение на миграцијата, додека Источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на граѓаните, потенцираат од Австриската академија на науките (OEAW) и виенскиот центар Витгенштајн.
Тие анализирале развојот на население во Европа во периодот меѓу 1990 и 2017 година, земајќи ги предвид природниот демографски развој и миграцијата.
Дошле до заклучоци дека во Европа само неколку стотини километри раздвојува територија со силен пораст на населението и територија со „алармантен демографски пад”.
Во Ирска има раст од 36 отсто, пред се благодарение на природниот демографски развој, додека во Босна и Херцеговина населението е намалено за 22 отсто, поради емигрирањето.
Останати држави со раст на населението се Швајцарија – 26 отсто, главно поради имиграцијата, Норвешка – 24 отсто (природен прираст, и благодарение на миграција), Шпанија со 20 отсто (миграција), Франција со 18 проценти (помалку миграција повеќе природен прираст) и Шведска со 17 проценти (миграција).
Кога станува збор за Германија, научниците дошле до неочекувани податоци – на една страна тоа е западноевропска земја со јасен пад на бројот на население (минус четири проценти), но раст на миграција од девет проценти, што е помалку во споредба со други земји.
Од друга страна, Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина и во Косово од 1990 година има намалување на населението за повеќе од 20 проценти.
Растот е видлив само во Словенија и Словачка со три проценти.
Намалувањето на населението во Источна Европа е во речиси сите земји предизвикано од миграцијата.