Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека иранскиот танкер „Адријан Дарија“ се упатил кон Сирија.
– Имаме сигурни информации дека танкерот е на пат кон пристаништето Тартус во Сирија. Се надевам дека ќе го смени курсот – напиша Помпео на „Твитер“.
Американското Министерство за финансии го стави иранскиот танкер „Адријан Дарија“ на црна листа, а неговиот капетан под санкции.