Здравствените власти во Полска ги повикаа граѓаните да се вакцинираат, особено децата, поради случаи на сипаници кои се пријавени во еден регион во близина на Варшава.
Министерот за здравство Лукаш Шумовски рече дека најновите 17 случаи на сипаници во Мазовија се резултат на одлуката на родителите да не ги вацинираат децата.
Шумовски на прес-конференција нагласи дека вакцинацијата против сипаници е безбедна.
Сипаниците се болест со висок степен на зараза. Светската здравствена организација тврди се една од водечките причини за смртност кај децата во светот.