Температурите во Источна Турција се спуштија до минус 17 степени Целзиусови, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Снег паѓа во повеќе области во Источна Турција, каде што има минусни температури.
Најниската температура вчера беше измерена во градот Текман, во реонот Ерзурум, минус 17 степени Целзиусови. Во градот Карс се регистрирани минус 11, во Ерзурум минус 8 и во Ерзинџан минус 5 степени Целзиусови.