Во Алабама денеска е погубен маж кој пред 28 години, за време на оружен грабеж, уби еден свештеник со нож и сабја.
Кристофер Ли Прајс (46), на тој начин, стана втор затвореник кој бил убиен со инјектирање во последните две години, објави АП.
Пред егзекуцијата, тој јавно се извини за своето злосторство, а само неколку моменти пред да умре рече дека е „човек многу повеќе од неговата најлоша грешка”.
На погубувањето присуствуваа семејствата на Прајс и на убиениот свештеник.