Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанските сили повторно започнале борбени дејствија во Нагорно-Карабах.
– Азербејџанските сили на 12 декември ги обновија борбените дејствија во правец на населбите Стар Таглар и Хцеберд – се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека војската на Нагорно-Карабах, во врска со тоа, ги презела сите неопходни чекори.
Засега не е познато дали има настрадани во борбите. Исто така, по ова прашање засега не се огласила азербејџанската страна.
Инаку, овие две места во Нагорно-Карабах се енклави и единствено тие не се под контрола на азербејџанската војска.
Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија постигнаа примирје на 10 ноември и тогаш во целост беа прекинати борбените дејствија. Во согласност со мировниот договор, кој беше потпишан во Москва, покрај прекинот на огнот, договорена беше и размена на заробеници.