Воен авион Су-27 се урна денеска при обид за слетување во база во Украина при што загина пилотот. Се води истрага за причините за инцидиентот.
Според армијата, авионот се урнал за време на рутински лет во северната Житомирска област. Украина загуби ист таков авион при вежба со САД во октомври. Тогаш загинаа двајца пилоти.