Туристите од Јужна Кореја, од кои седуммина загинаа при превртување на брод во Дунав во близина на Будимпешта, не носеле елеци за спасување, објави Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Официјални лица во Сеул соопштија дека досега се спасени седум туристи и дека 19 од нив се водат за исчезнати. Од Министерството истакнуваат дека е вообичаено туристите да не носат елеци за спасување за време на пловидбата по Дунав.
Брод што превезуваше 32 патници и двајца членови на екипажот потона кај мостот Маргарет, откако се судрил со поголем туристички брод.