Претседателката на франскуската крајно-десничарска партија Марин Ле Пен соопшти дека партијата Национален фронт, која нејзиниот татко ја формираше пред 50 години, отсега ќе се вика „Национален собир“.
Таа уште на партискиот Конгрес во март најави промена на името, а од членовите на партијата побара по меил да гласаат за предложеното ново име.
Жан-Мари Ле Пен (89), основач на партијата и татко на Марин, вчера изрази огорченост поради најавата за смена на името на партијата, оценувајќи го тоа како „предавство“ и „најсуров удар кој Националниот фронт некогаш го добил“.
Тој оцени дека ништо добро не може да произлезе од „срамното бришење на идентитетот на партијата“.
По поразот на претседателските избори, Марин Ле Пен работеше на отстранување на антирасистичките и антисемитски обележја на партијата, а при најавата за смена на името, таа рече дека сака да види таа партија да биде гледана како можна владејачка сила, а не само како протестно движење. Во тој контакст таа и формално ги прекина сите врски со основачот на партијата и на својот татко му ја одзеде почесната титула – доживотен претседател на партијата.