Папата Франциск денеска ја прифати оставката на австралискиот надбискуп Филип Вилсон, осуден поради забошотување на случајот со сексуално злоставување на деца кои помагаат при службата.
Надбискупот Аделејда Филип Вилсон осуден е во мај бидејќи не пријавил во полиција злоставување кои се повторувало во повеќе наврати во 70-тите години од минатиот век. Тој оставката ја поднесе по големиот притисок од австралиските свештеници и премиерот.
Вилсон претходно одбиваше да поднесе оставка, чекајќи одлука од повисоки судски инстанци.
На 19 јули австралискиот премиер Малком Тернбул побара оставка од надбискупот.
Во денешното соопштение од Ватикан се наведува дека папата Франциск ја прифатил оставката на Вилсон.