Папата Франциск нема да ги води богослужбите по повод Новата година поради болки во грбот и десната нога, соопштија од Ватикан.
Ова е првпат папата Франциск, кој наврши 84 години овој месец, да не присуствува на богослужбата поради здравствени причини.
Службата ќе ја води кардинал Џовани Батиста Ре, наместо папата Франциско, а во петок државниот секретар кардинал Пјетро Паролин.
Папата ќе ја предводи пладневната миса на 1 јануари, како што беше планирано.