Вредноста на акциите на „Твитер“ падна за 2,4 отсто на њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на профилот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“.
Вредноста на акциите на компанијата „Твитер“ останала на 50,2 американски долари.
Минатата среда по опсадата на американскиот конгрес од приврзаниците на Трамп, компанијата „Твитер“ привремено ја блокираше сметката на Трамп која имала повеќе од 88 милиони следбеници и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на оваа социјална мрежа.
По суспендирање на профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и по блокирање на соопштенијата на американскиот претседател на неговата официјален профил POTUS, неговиот приватен профил е трајно укинат.