Повеќе од 450.000 домови во Мелбурн и австралиската држава Викторија останаа без струја во текот на претходната ноќ поради силните ветрови.
Ветровите уриваа дрвја и ги отстранија покривите од неколку куќи.
Од локалната дистрибуција на електрична енергија денеска соопштија дека е направена голема штета и дека многу домаќинства ќе останат без струја во текот на претстојниот викенд.
Службата за итни случаи во Викторија соопшти дека примила повеќе од 2.500 повици за помош и дека околу 300 луѓе пријавиле штета.
Околу 125.000 домови останаа без интернет и тоа ќе влијае на работата на оние кои работат од дома поради епидемијата на коронавирус.
Метеоролошката служба соопшти дека во некои области ветерот достигнал брзина од 165 километри на час. Се очекува стабилизирање на времето во текот на денот, додаваат од службата.