Специјалниот претставник на Обедионети нации за Сирија, Стафан де Мистура денеска изјави дека Русија и Турција можат да спречат крвопролевање во Идлиб.
– Сирија може да ја избегне најкрвавата битка до сега ако претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во брзо време разговараат за изнаоѓање на решение за ситурацијата во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците – изјави де Мистура.
Тој додаде дека разговорите меѓу Русија и Турција се од клучно значење за избегнување на напад врз Идлиб,
На 7 септември во Техеран претседателите на Иран, на Русија и на Турција ќе разговараат за состојбата во Идлиб.