Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.
-Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници – изјави портпарол на ЕК за ДПА.
Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица.
Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани, дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето, и дали преферираат лето или зима за менување на времето.
Врз основа на резултатите и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.
Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.