Случајот со Медлин Мекан и 12 години по исчезнувањето не е решен. Експертот за судска медицина, д-р Марк Перлин, тврди дека за само една недела би можела да се реши мистеријата за исчезнувањето на девојчето ако му дозволат ДНК-тестирање со најновиот метод, пишува „Сан“.
-Ќе ни требаат една до две недели за да собереме податоци што би можеле да бидат клучни за решавање на случајот- вели Перлин.
Медлин исчезна во мај 2007 година во Португалија, додека беше на одмор со своите родители. Полицијата зеде ДНК-примероци од апартманот каде што престојуваше семејството и од нивниот автомобил. Тестовите покажаа нејасни резултати пред 12 години, а Перлин тврди дека со модерните технологии може повторно да го отвори случајот.
Постојат различни теории за тоа како исчезна девојчето и каде се наоѓа. Последната теорија ја изнесе Колин Сатон, поранешен полицаец во Лондон. Тој верува дека нејзиното тело било фрлено во еден од 600-тоте антички бунари во Праја да Луз. Во еден момент осомничени беа и родителите на девојчето.