Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на акција против Сирија, поради сомнежите дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума.
– Настаните од последните денови нė учат дека борбата против злото и агресијата е мисија, која секоја генерација треба да ја преземе – изјави израелскиот премиер во говор по повод Денот на сеќавање за жртвите на Холокаустот.
– Ги видовме сириските деца, кои беа убиени со хемиско оружје. Срцата ни се раскинаа од ужасната глетка – додаде Нетанјаху.
Тој потсети на лекциите од Втората светска војна и Холокаустот и повика да се преземат акции и против Иран, критикувајќи го нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.