Кинескиот претседател Си Џинпинг и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се сретнаа денеска на северот на Кина, јави АФП, повикувајќи се на агенцијата Синхуа.
Како што пишува Бизнис Инсајдер, станува збор за ненајавен состанок, а сė уште не е познато за што двајцата лидери разговарале.
Двајцата се сретнаа кон крајот на март оваа година, што беше прва посета на Ким на друга држава од доаѓањето на власт во 2011 година.
– Ким Џонг-ун отпатува во Пекинг бидејќи сакаше лично да го информира кинескиот претседател за многу брзите дипломатски промени на Корејскиот полуостров последните недели – објави тогаш кинеската агенција.