На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба.
Мадрид беше погоден од снежна бура во Филомена, што ги опколи градските улици и ја парализираше Шпанија, која не е навикната на толку многу врнежи од снег. Во последните 36 часа 2.000 жители се примени во службите за итни случаи во болниците во Мадрид, изјави градскиот службеник за здравство, Енрике Руиз Ескудеро за радио станицата „Онда Церо“.
Околу 40 проценти од сите случаи примени во итната служба, се жртви како последица предизвикана од минувањето на снежната бура Филомена. Снегот што паѓаше 33 часа нон стоп во Мадрид минатата недела, во петокот и саботата, се претвори во мраз откако времето се смири, а чистењето на градските улици се одвива бавно поради недоволниот број машини и лопати.