Најмалку 55 лица загинаа при потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, соопштија полициските и медицинските служби на Ирак, додека медиумите јавуваат дека таа бројка веќе достигнала 60 жртви.
Повеќето жртви се жени и деца, соопшти шефот на управата за цивилна одбрана на Мосул Хусам Калил, и додаде дека спасувачките екипи досега од водата извлекле 12 лица.