Најмалку 19 лица загинаа во воздушен напад во близина на пристанишниот град Ходеида, соопшти јеменски болнички претставник.
Директорот на болницата во Бајт ел-Факих, Абдула Шахави изјави дека сите жртви биле цивили.
Во воздушниот напад, кој вчера бил извршен врз пазар во местото Бајт ел-Факих, јужно од Ходеида, биле повредени шест лица.
Јеменски безбедносни претставници го потврдија воздушниот напад, но не прецизираа која била неговата цел.