Во пожар што избувна во хотелот „Арпит Палас“ во центарот на главниот град на Индија, Њу Делхи загинаа најмалку 17, а повеќемина се повредени.
Помеѓу загинатите се и мајка со дете, кои загинаа откако скокнаа од прозорец за да се спасат од огнот.
Огнот е изгаснат, а пожарникарите до сега спасија 35 луѓе. За време на пожарот во хотелот со 65 соби имало околу 150 гости.
Пожарите во Индија се чести поради лошите стандарди за безбедност и не применувањето на прописите.