Товарен авион се урна вчера во близината на иранскиот главен град, Техеран, при што настрадаа 15 лица. Авионот „боинг 707“ излетал од пистата и удрил во ѕид, а потоа во куќи, додека се обидувал да слета на аеродромот во Караџ, кој се наоѓа на 40 километри западно од Техеран. Иранската армија соопшти дека несреќата ја преживеало едно од вкупно 16 лица во авионот, кој пренесувал месо од Киргистан.
Сите жртви се ирански државјани. Армијата ја нашла црната кутија на авионот, а се претпоставува дека причина за несреќата се лоши временски услови.