Најмалку десет лица загинаа во денешната престрелка во едно предградие на најголемиот бразилски град, Сао Паоло, соопшти полицијата.
Вооружената престрелка се случила помеѓу припадници на полицијата и лица осомничени за кражби.
Според полицискиот командант Марио Алвес да Силва постои сомнеж дека најмалку 25 лица учествувале во грабежите.
Тој не наведе дали убиените лица се осомничени криминалци, но посочи дека во инцидентот не настрадал ниту еден полицаец.