Околу 1,1 милион потписи за еден ден собра онлајн петицијата против одлуката на британскот премиер за суспензија на работата на Парламентот.
Во Лондон секоја потпишана петиција од 100.000 луѓе треба да обезбеди дебати во Парламентот за прашањето за кое се однесува.
Џонсон побара од кралицата Елизабета Втора да бидат прекинати седниците на пратениците од почетокот на септември до средината на октомври, што кралицата го одобри.
Пратениците од опозицијата тврдат дека со овој потег, Џонсон го намалува времето во кое парламентарците би можеле да се обидат да блокираат Брегзит без договор.