Војводата од Јорк, принцот Ендрју, изјави дека е „згрозен“ од неодамнешните обвинувања за сексуална злоупотреба кои кружеа околу неговиот поранешен пријател Џефри Епстајн. Принцот ја објави оваа изјава откако се појави нова снимка на која тој е прикажан во палатата на осудениот педофил во Менхетен во 2010 година, пренесува „Гардијан“.
Видео-снимката добиена од „МеjлОнлајн“ наводно е снимена на 6 декември 2010 година, во периодот кога Ендрју беше фотографиран со осрамотениот милијардер во Централниот Парк на Њујорк. На видеото е прикажан војводата кој стои пред голема врата од палатата и се збогува со некоја жена, откако Епстајн ќе замине и потоа влегува во автомобил.
– Војводата од Јорк е згрозен од наводните обвинувања против Џефри Епстајн кои неодамна се појавија. Неговото кралско височество ја осудува експлоатацијата на секое човечко суштество и сугестијата дека тој би учествувал или охрабрил такво однесување е навредлива – стои во изјавата на Бакингемската палата.
Принцот беше обвинет за лошо вршење на проценки поради неговите врски со Епстајн. Тој се откажа од својата улога на трговски претставник во Велика Британија по објавувањето на фотографиите од Централниот Парк.
Од Бакингемската палата остро ги негираат обвинувањата од жена која тврди дека била присилена да има сексуален однос со војводата кога била малолетна. Вирџинија Робертс тврдеше дека била присилена да има сексуален однос со Ендрју кога имала 17 години, што е под возраста на согласност во државата.
Таа тврди дека имала сексуален однос со Ендрју „трипати, вклучително и една оргија“ во Лондон, во домот на Епстајн во Њујорк, како и во „оргија“ на неговиот приватен остров на Карибите.
Но, Бакингемската палата ги брендираше овие тврдења како „лажни и без никакви основи“, изјавувајќи дека „било какво обвинување за несоодветност со малолетни лица“ од војводата е „категорично невистинито“.