Москва соопшти дека е неприфатливо да се тврди дека иранска ракета го соборила украинскиот авион во кој загинаа 176 лица по полетувањето од Техеран.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Ријабков рече дека никој не треба да се обидува да забележи поени во човечка трагедија.
– Важно е експертите да ја анализираат ситуацијата и да донесат заклучоци – рече Ријабков.
На Запад се тврди дека авионот случајно бил погоден од ракета земја – воздух, пренесува АП.