Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска го повикало на разговор амбасадорот на Швајцарија во Москва, Иво Росие, во врска со швајцарските обвинувања за наводна шпионажа од страна на Русија.
Реакцијата на руското Министерство следува откако швајцарските власти вчера побараа „Русија да ги запре своите шпионски активности на територијата на Швајцарија“.
Швајцарското барање уследи по обелоденувањето на два сомнителни случаи поврзани со шпионажа.
Руското Министерство соопшти и дека претходно денеска на разговор била повикана и холандската амбасадорка во Русија, Рене Јонес-Бос, поради „континуираната антируска кампања во Холандија, што се манифестира преку обвинувања за шпионажа“.
– Министерство за надворешни работи ја повика амбасадорката на Холандија во врска со континираната кампања чија цел е разгорување на шпионската треска-се наведува во соопштението.