Директорот на програмата за ЕУ при универзитетот Принстон, Ендру Моравшчик, изјави денеска дека Европската унија има интерес за проширување, но не во истата мерка како порано.
 
– Постои заинтересираност за поголема стабилност и целокупна стабилност и економска размена, како и за контрола на миграцијата. Европа е голем пакет на политики и има интерес. Но, мислам дека интересот е толку голем каков што беше интересот на Германија за интегрирање на Чешка, Унгарија и Полска и ќе биде построго за овие земји (Западен Балкан) – рече Моравшчик за „Јуропиан Вестерн Балкан“ (ЕWБ).
 
Говорејќи за проширувањето на ЕУ, тој кажа дека сите се согласиле оти претходниот циклус на проширување требал да се направи подобро.