Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник на чело на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.
– Реков дека нема да се мешам во прашањето кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар – рече Меркел на прес-конференција.
Крамп Карнбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.