Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка.
Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница.
Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година. Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил. Не се знае какви му биле мотивите.