Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за измами, соопшти Европскиот Парламент. Ковеси го презема новото Европско обвинителство (EPPO) со мандат од седум години, откако мнозинство од земјите-членки на ЕУ ја поддржаа нејзината кандидатура.
Вкупно 22 членки на ЕУ се регистрирани во EPPO, телото кое има надлежности да ги истражува сомнежите за измами, поврзани со буџетот на ЕУ. Обвинителството ќе биде сместено во Луксембург и ќе биде составено од група обвинители од сите држави членки, со исклучок на Обединетото кралство, Шведска, Унгарија, Полска, Ирска и Данска.
Ковеси од 2013 до 2018 година беше шефица на романската Национална дирекција за борба со корупцијата, а во јавноста е позната по тоа што отвори истраги против 14 поранешни или актуелни романски министри, 43 пратеници и над 260 локални службеници.
Романската специјалната обвинителка Лаура Кодрута Ковеси беше разрешена откако романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша го потпиша указот, по одлуката на Уставниот суд и по барање на Владата. Министерот за правда Тудорел Тоадер од Социјалдемократската партија иницираше процедура за разрешување на Ковеси, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство и дека истрагите и биле политички мотивирани. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.