Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по потврдените први инфекции со коронавирус на австриска почва, изјави дека властите се добро подготвени.
– Ги презедовме сите мерки за спречување на ширењето – рече Курц, кој е во посета на Лондон.
Тој истакна дека приоритет е да се заштити населението во Австрија и да се направи сè за да се спречи понатаму да се шири коронавирусот.
Важно е, рече Курц, дека постои реална процена на ситуацијата во Австрија и Европа.
Курц укажа дека нема простор за паника и дека опасноста од ширење на вирусот во Европа извесно време е позната.