Протекувањето на отпадните води од поранешниот рудник на фосфорит завчера доведе до наредби за евакуација на населението во близина на Трампа во американската сојузна држава Флорида, поради стравувањата од радиоактивниот руднички талог. Но кризата отвори можност за САД во геополитичката борба со Кина, како што наведува „Блумберг“.
Можноста се должи на расчистувањето на купиштата фосфогипс на Флорида и во други делови од југоистокот на САД, што би можело да претставува решение за зависноста на Америка од увезувањето на ретките елементи, додека истовремено ја отстранува заканата од еколошка катастрофа.
Фосфогипсот е безвреден во изворната состојба поради неговата радиоактивност, но тоа не е единствениот редок метал што може да се пронајде во отпадот. Овие ретки елементи се од пресудно значење за високотехнолошката примена, која претставува повод за загриженост за Вашингтон бидејќи најголемиот дел од светското снабдување со ретки елементи доаѓа од Кина.
Ретките елементи се присутни во 0,2 отсто од фосфогипсот најден на Флорида според кинеско-американската студија спроведена во 2017 година. Со купиштата кои достигнуваат околу милијарда тони, тоа претставува повеќе од два милиона тони на ретки елементи, што е доволно за задоволување на светските потреби во период од една деценија. „Блумберг“, пак, тврди дека кинеската контрола врз снабдувањето со ретките елементи веројатно е преувеличена, бидејќи тие можат да се најдат и во поголеми количества во Калифорнија, како и во Австралија, во однос на оние на Флорида.
Се смета дека САД би можеле да имаат корист доколку ги одделат ретките елементи и метали од отпадот и ја намалат радиоактивноста од преостанатиот фосфогипс, со што потоа би можел да биде продаван за употреба. Можноста за САД претставува користењето на моќта за истражување и развој за користењето на фосфогипсот, заклучува „Блумберг“.