Погрешно и опасно е да се прават какви било забелешки за сириски хемиски напад без потврдени информации бидејќи засега не е спроведена истрага, соопшти Кремљ.
– Руски официјални лица претходно изјавија дека сириските бунтовници смислуваат „провокации“ во врска со користењето хемиско оружје – изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Најмалку 60 луѓе загинаа и повеќе од илјада се повредени во наводно хемиски напад во источна Гута за време на викендот, соопшти Сириска лекарска група, јавија западни медиуми.